Ви нудиме информации на македонски јазик за да ве информираме во врска со измами.
Материјалите на оваа страница можат да ви помогнат да препознавате, избегнувате и пријавувате измами. Со пријавувањето на измами помагате и другите во заедницата да бидат заштитени од нив.
Видео запис
Во овој видео запис на македонски јазик се објаснети некои од начините на кои луѓето можат да се заштитат себеси и нивната заедница од криминални измамници и да дознаат повеќе за Scamwatch.
Националниот центар за борба против измами
управува со Scamwatch.
Scamwatch ви покажува како
да препознаете и избегнувате измами.
Кога сме претпазливи, имаме контрола.
Знаеме кога да застаниме и да провериме
дали некој е навистина тој што вели дека е.
Измамниците стануваат сè попаметни и постојано смислуваат нови измами.
Измамниците ќе ве натераат да чувствувате
дека треба брзо да реагирате или дејствувате.
Тие се надевааат дека со тоа
што ви вршат ваков притисок,
ќе ве натераат да ги пропуштите знаците
кои ве предупредуваат на измама.
Па, кои се овие предупредувачки знаци?
Тие можат да бидат: Закани или обвинувања од властите.
Можности за заработка.
Приказни или повици за помош.
Барања да кликнете на линкови
или да отворите прилози.
Барања да платите на
невообичаени или посебни начини
или упатства да префлите
пари на „безбедна сметка“.
Измамниците често ќе се преправаат
дека се од организации што ги знаете
или дека се поединци на кои им верувате.
На пример, даватели на услуги,
од полицијата,
од вашата банка, од владата,
или дури и член на семејството.
Можат да ве контактираат
на многу различни начини.
На пример, преку текстуални/СМС пораки,
имејл, телефонски повици,
веб-страници, социјалните мрежи
и онлајн пораки или апликации.
Треба да запамтите три едноставни чекори
за да се заштитите:
ЗАСТАНЕТЕ – Не брзајте да дејствувате.
Запамтете, измамниците ќе создаваат впечаток дека се работи за нешто итно.
ПРОВЕРЕТЕ – Запрашајте се, дали оваа порака или повик се можеби лажни?
Дали навистина знаете со кого комуницирате?
ПРИЈАВЕТЕ – Дејствувајте брзо
ако мислите дека нешто не е во ред,
и помогнете им на другите во вашата заедница
со пријавување измами на Scamwatch.gov.au.
Ако сте префрлиле пари или
споделиле какви било финансиски податоци,
веднаш контактирајте ја вашата банка.
Секој може да биде измамен.
Ако вам или на ваш познат ви биле украдени пари или лични податоци со измама,
не сте единствени.
Разговарајте со семејството, пријателите и заедницата за измами.
И запамтете да ЗАСТАНЕТЕ!
Подобро е да сте безбедни отколку измамени.
Како да препознаете и избегнете измами
Публикацијата Како да препознаете и избегнете измами (How to Spot and Avoid Scams) е меѓународно призната како важна алатка за луѓето и малите бизниси да научат за измамите, вклучувајќи ги следните работи:
- најчести видови на измами на кои треба да внимавате
- различни начини на кои измамниците можат да ве контактираат
- алатки што измамниците ги користат за да ве измамат
- предупредувачки знаци
- како да се одбраните од измами
- каде можете да најдете помош.
Преземете ја публикацијата на македонски јазик (PDF 3.53 MB).